Наменет за: Елитен Персонал за Обезбедување и Заштита Владин и Приватен сектор
НАШАТА ОБУКА ЗА ВИП ЗАШТИТА
Драги колеги,
Вие веројатно сте свесни за фактот, дека расте потребата за персонал кој ќе работи во областа на ВИП заштитата, која произлегува директно од демографско-културните промени ширум светот.
Исто така, може да сфатите дека расте бројот на клиенти кои се свесни дека лицето што ја дава оваа услуга мора да биде прикладно за мисијата и професионално тренирано. Многу веќе сфатиле дека за професионална и ефикасна заштита на ВИП, покрај мускулите потребни се и дополнителни способности.
Веруваме дека ВИП заштитата е најважна гранка во обезбедувањето, бидејќи таа бара највисоко ниво на вештини, знаење, практично искуство особено кога е загрозен човечкиот живот.
Затоа, ние на студентите им даваме можност преку нашите курсеви да стекнат техничко-тактичко знаење, разни методи и вештини во различни и исклучителни ситуации, како да се справат со истите ситуации со минимална опасност како за себе така и за клиентот и неговата околина.
Интензитетот на обуката, за кратко време претставува потреба во едно цивилизирано Општество на (време и пари), и е од витално значење за учесниците да се надминат себеси, односно да ги надминат своите способности и да успеат да функционираат под притисок и да ја подобрат самодовербата.
Во светот постојат закони кои го ограничуваат вооружувањето на Оперативците за ВИП Заштита, и се подразбира дека и сите клиенти кои ги користат безбедносните услуги не се цел на агресија. Затоа, ние решивме на курсевите студентите постепено да навлезат во активностите, добивајќи програми за знаење, искуство и оспособување, со што ќе се овозможи постепено да ги подобрат вештините, согласно со потребите на клиентите и видот на заканата.
Главната цел која сакаме да ја постигнеме кај нашите студенти е тоа што секој од нив треба да продолжи да дава доверлива, ефикасна и професионална услуга.
ВИП ЗАШТИТА
Таа е најзначајна гранка во полето на безбедноста и заштитата и подразбира поседување на способност, знаење и практично искуство.
Преку нашите интересни практични тренинзи, студентите се стекнуваат со техничко-тактичко знаење и вештини, со цел да го совладаат нападот или некоја друга неочекувана ситуација под стрес.
Наша примарна цел е намалување на самоповредувањето, повредите на клиентот и околината. Исто така, ние ги охрабрувме студентите да ја совлаадат и победат секоја закана и пречка.
Исто така, преку тренинзите студентите можат да се запознаат со професионалниот начин на работа, обврки и задачи со цел да се подобрат нивните оперативни карактеристики.
Во земјите каде што законот ја лимитира ВИП заштитата, клиентите се мета на екстремните агресори. Нашата цел е да ги тренираме нашите студенти да бидат способни да дадат професионална ВИП заштита, доверлива и ефикасна услуга на клиентите, низ целиот свет.
НАША ЦЕЛ:
- Студентите да се стекнат со основно знаење што ќе ги научи како да реагираат и да ги неутрализираат најразличните закани по безбедноста на ВИП.
- Да се овозможи основен концепт на безбедност кај различни клиенти, во различни опасни ситуации и високо ризични средини.
- Да се овозможи доверлива, ефикасна и професионална услуга на клиентите ширум светот.
- Да се квалификуваат, надградат и софистицираат тактичките и оперативните способности кај студентите кои работат во областа на ВИП заштита, Тимска работа и Лидерство.
ПОСТИГНУВАЊА НА СТУДЕНТИТЕ:
- Со тренингот ќе се оквалификуваат, подобрат, софистицираат и ќе ја зголемат Тактичката способност и Оперативниот фитнес со цел да се оспособат да работат како Интернационални ВИП Оперативци.
- Студентите ќе се запознаат со Типичните напаѓачки профили и акции, случаи на претходни атентати и обиди за напади.
- Студентите ќе научат практично да ги проучат можните закани во околината, како и начинот истите да се совладаат на адекватен начин.
- Студентите ќе ја запознаат основата на Безбедносната Заштита и ќе го препознаат клучот на концептот за заштита и се она што е поврзано со безбедноста.
- Да го препознаат и испочитуваат комфорот на клиентот и да знаат да ги избегнат сите опасни и несакани ситуации кои ќе ја загрозат безбедноста на истиот.
- По комплетирањето на курсот, студентите ќе ги имаат потребните информации како да ја остварат безбедносната мисија, при тоа да не му попречат на клиентот во извршувањето на неговите работни обврски, а степенот на сигурност да биде на високо ниво.
- Студентите треба да бидат спремни да ги распознаат и анализираат заканите, независно дали се внатрешни или надворешни.
- Студентите треба да ги препознаат и проценат информациите кои можат да бидат поврзани со евентуални закани.
- Основен преглед на патиштата и локациите што ќе бидат корисни за ВИП заштитата.
- Пребарување и проверка на лица, возила и простории.