Мисија:
Тренинг курсот за Офицер за Лична Заштита (Телохранител) ќе ве обучи, процени и ке ве кфалификува со потребното знаење, вештини и пристап кон работните задачи и обврските поврзани со обезбедување и заштита на ВИП лица.
Цел на тренинг курсот:
Наставниот план е така дизајниран да им овозможи на студентите да се здобијат со стандаризирано знаење и вештини кои се користат во изведување на функцијата Офицер за Лична Заштита во тимски операци или како поединец.
Наставниот план се смета за највисок стандард за квалификување на Офицер за Лична Заштита за изведување на заштитни операции во различни зони со различен степен на ризик кон заштитуваното лице.
Концепт на тренинг:
Тренинг курсот се состои од Две фази, Прва Фаза која се изведува он-лине и е базирана на прирачникот за ВИП Заштита, и Втора Фаза која се состои од 15 дена практичен тренинг.
Првата фаза е збир од академски знаења за предмети поврзани со планирање и изведувањето на операци за лична заштита.
Втората фаза е фокусирана на индивидуални и тимски вештини потребни да се имплементира теоретското знаење за извршување на заштитни операции со највисок стандард.
Прва фаза:
Првата фаза ги опфаќа основните предмети и знаења потребни за изведување на операции за ВИП заштита.
Кога ќе го потврди своето учество на курсот студентот ке ја добие по пошта книгата ВИП Заштита.
Оценувањето во Првата фаза се состои од писмен тест преку кој студентот треба да го покаже своето знаење поврзано со ВИП заштита, се изведува онлајн.
Предмети за оценување во Прва фаза:
- Стандардни оперативни постапки во ВИП заштитата
- Оперативен план
- Безбедносна свесност и култура
- Историја на напади врз ВИП лица
- Непријателско тајно набљудување и негова детекција
- Импровизирани експлозивни направи
- Концепт, техники и методи за ВИП заштита
- Употреба на технологија во ВИП заштитата
- Закон за употреба на сила
Втора фаза:
Втората фаза е практична имплементација на знаењето, пристапот, компетенциите, индивидуалните и тимските вештини поврзани со извршувањето на операците за лична заштита.
Оваа фаза се изведува во период од 15 дена во тренинг центарот и се состои од 180 работни саати, студентите треба да бидат подготвени за долги саати на работа
Предмети за оценување во Втора фаза:
- Тактичка Прва Помош
- Основи на прва помош
- Прва помош на терен
- Турникет/Израелски завој
- Брзо извлекување на повреден
- Неворужена ВИП Заштита
- Употреба на сила
- Контрола и задржување
- Одбрана од нож
- Одбрана од пиштол
- Флексибилни тактики за употреба на сила
- Вооружена ВИП Заштита
- Прикриено носење и влечење на пиштол од футрола
- Пукање во повеќе мети
- Пукање во движење
- Тактички манипулации со оружје
- Употреба на оружје во ВИП заштита
- Евакуација на ВИП лице
- Тактики за ВИП заштита
- Команда и контрола
- Прстени за заштита
- Креирање безбедносен простор
- Заштитни формации
- Пристигање и заминување
- Акции во опасни ситуации
- Анализа на рута
- Тактичко возење
- Конвој операции
- Претходница
- Статичка заштита
- Координација со безбедносни сили
- ВИП Лице
- Соработка со ВИП лице
- Брифинг на ВИП лице
- Проценка на лична загрозеност на ВИП лицето
- Човечко однесување и говор на тело
- Физички индикатори на насилство и агресија
- Откривање на сомнително однесување
- Испрашување на сомнителен
- Ментална подготовка за Офицер за Лична Заштита
- Како да се остане во “Моментот на сегашноста” во текот на заштитната операција
- Време и растојание
- Безбедносно размислување
- Фитнес и ментална подготвеност
- Техники за контрола на стрес
- Подготовка за конфликт
- Вештини за концентрација
- Непријателско тајно набљудување и собирање на податоци
- Методи кои ги користат терористиве и криминалците за тајно набљудување и собирање на податоци
- Слабости на тајно пратење и набљудување
- Идентификација на непријателско собирање на информаци
- Против-непријателско тајно набљудување и собирање на информации
- Непријатели/Напаѓач
- Типови на непријатели/напаѓач
- Мотиви
- Цели
- Фази во подготовка на напад
- Оперативен фитнес тренинг
- Вежби за сила
- Вежби за издржливост
- Вежби за брзина
- Вежби за решителност и одлучност
- Реални практични сценарија
Практични вежби и сценарија:
Практичните вежби и сценарија се применуваат низ целиот курс за сите предмети од Вторатат фаза. Од кога ке бидат завршени практичните вежби и сценаријата студентите ке бидат оценувани во нивната компетентност преку финално сеопфатно сценарио кое ќе ги вкључува сите претходно научени вештини.
Во текот на сеопфатното сценарио студентите ќе бидат оценувани за нивната изведба како индивидуалци и членови на тим за лична заштита.
Во Втората фаза се применува и концептот на контролиран стрес, за да се оцени способноста и реакцијата на студентите во услови на стрес.
Концептот на стрес не вкључува физичка агресија врз студентот, но физички контакт ке биде застапен во делот на Невооружена ВИП заштита.
Тренингот се изведува во работни услови во кои најчесто ќе работи Офицерот за Лична Заштита со цел подобро запознавање на студентот со работната средина и предизвиците со кои ќе се сретне во извршувањето на своите работни задачи. Ова подразбира долги работни саати и брзи промени.
Должината на практичните тренинг часови особено на работните сценарија ќе зависи од предметите кои ќе се обработуваат и од оперативните потреби на студентите.
Тестирање и Оценување
Сеопфатно оценување на студентите континуирано ќе се извршува во Втората фаза, вкључувајќи и индивидуално тестирање по секој предмет како и во текот на практичните сценарија.
Критериумите за оценување ќе бидат детално објаснети во текот на тренинг курсот.
Оценувањето ќе се базира на практични вежби кои ке рефлектираат способност на студентот да го примени стекнатото знаење преку извршување на една или серија на задачи во кои ке ги манифестира своите стекнати компетенции како и на личните карактеристики како:
– Емотивна стабилност
– Лојалност
– Точност
– Интелигенција
– Иницијатива
– Одлучност
– Самодоверба
– Храброст
– Само-контрола
– Само-Дисциплина
– Способност да работи под притисок
– Борбен дух
– Способност за работа во тим
– Тактичко размислување
– Лидерски карактеристики
Консултации:
Во текот на тренинг курсот, на секој пет дена секој студент ке добие во писмена и вербална форма од страна на инструкторот проценка за неговата работа. Секој студент може во писмена/вербална форма да одговори ако не се согласува со дадената проценка од инструкторот.
Финално оценување:
Оценувањето ќе биде извршено преку мерки КОМПЕТЕТЕН / НЕ КОМПЕТЕНТЕН, и ќе биде проследено со дополнително напишано објаснување од страна на инструкторот за индивидуалната изведба на секој студент.
Студентите кои нема да го постигнат потребниот стандард на знаење и вештини во два или повеќе предмети нема да бидат сертифицирани и ќе мора да дојдат повторно на тренингот од Втората фаза.
Студентите кои нема да го постигнат потребниот стандард на знаење и вештини само по еден предмет ќе им биде дадена втора можност во текот на курсот да го постигнат потребниот стандард.
Студентите кои ќе бидат неоправдано отсутни од тренинг курсот ќе бидат отстранети од понатамошниот дел од тренинг курсот.
Студентите кои ќе покажат небезбедно ракување со оружје ќе бидат отстранети од тренинг курсот.
За успешно завршување на тренинг курсот секој студент мора успешно да заврши:
• Писмен тест
• Фитнес тест
• Невооружена ВИП Заштита
• Вооружена ВИП Заштитата
• Практични сценарија