Израелски методи и тактики за заштитно ВИП возење

Наменет за: возачи од владин сектор, приватниот сектор, дипломатските преставништва и банки (транспорт на пари и вредности)

Во време кога се случуваат многу терористички напади, криминални дејства и киднапирања, еден од најважните елементи во ВИП Заштитата е Заштитното Возење.

Факт е дека најголем дел од нападите врз ВИП Личности се случуваат надвор кога е во движење. Исто така, голема е шансата ВИП Личноста или некој од тимот за заштита да биде повреден во сообраќајна незгода.

Затоа, Интернационална Академија за Обезбедување-Македонија го организира овој курс за сите возачи да ги добијат основните алатки за безбедно извршување на своите задачи. Овој тренинг го трансформира обичниот возач од закана во основен и интергален дел од Тимот за Заштита, бидејќи обичниот возач може да биде само закана за безбедноста на ВИП и патниците.

  • Развивање на заштитни возачки вештини кај професионалните возачи во сите аспекти од заштитното возење.
  • Курсот е комбинација на возење на маневри, проактивно планирање и безбедно возење.
  • Курсот го покрива делот на закани со кој се среќава возачот и неговите патници.
  • Студентите ќе се здобијат со самодоверба и ќе научат како да возат во ситуаци на заседи, терористички напади, киднапирање и собраќајни незгоди.
  • Студентите ќе научат како да го користат возилото како оружје за совладување на препреки на патот.

ТЕМИ НА КУРСОТ:

МОДУЛ 1 – ТЕРОРИСТИЧКИ ОПЕРАЦИИ

  • Модус операнди на терористите
  • Фази на подготвување на терористички напади
  • Видови на експлозиви
  • Видови на импровизирани експлозивни направи
  • Методи на поставување и криење

МОДУЛ 2 – ОПЕРАТИВНО ВИП ВОЗЕЊЕ МЕТОДИ И ТАКТИКА

  • Конвој
  • Ескортни постапки
  • Офанзивно возење
  • Дефанзивно возење
  • Избегнување на опасности и закани
  • Заседи
  • Оперативни маневри (Ј вртење, Ѕ вртење )
  • Користење на возилото како оружје
  • Безбедносна проверка на возилото
  • Пречки и барикади на пат
  • Навигација
  • Подготовка пред тргнување

МОДУЛ 3 – УЛОГАТА НА ВОЗАЧОТ КАКО ИНТЕГРАЛЕН ДЕЛ ОД БЕЗБЕДНОСНИОТ ТИМ

  • Задачи и одговорности во безбедносното возење
  • Планирање на рути и навигација-проактивно однесување
  • Донесување одлука во опасни ситуаци
  • Тимски дух
  • Правилна селекција на возило
  • Безбедносно превентивно однесување

МОДУЛ 4 – ИЗРАЕЛСКИ МЕТОДИ НА УПОТРЕБА НА ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ВО ВОЗИЛО

  • Безбедносни правила
  • Пукање од возило
  • Користење на возилото како заклон

МОДУЛ 5 – НЕВООРУЖЕНА БОРБА ВО КОЛА (СПЕЦИЈАЛНА САМООДБРАНА ЗА ВОЗАЧИ КРАВ МАГА)

  • Одбрана од захвати во кола
  • Одбрана од пиштол
  • Одбрана од нож

 

Аплицирај Онлајн