Тренинг курсеви

Најголем дел од тренингот, едукацијата и обуката се изведува во Македонија, каде што курсевите се изведуваат непрекинато во различни периоди од годината. Ние ги оспособуваме нашите студенти со помош на различни практични делови од обуката.

Ние одржуваме интернационационален карактер на обука и тренинзи давајќи им можност на веќе квалификуваниот персонал за обезбедување дополнителна надградба во својата професија.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КУРСЕВИТЕ

  • Лекарска потврда која потврдува дека студентот е здрав за физичка активност
  • Уверение дека нема криминално минато
  • Учесникот мора да биде психо-физички спремен за тренинг
  • Учесникот мора да биде постар од 18 год.

ШТО ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗА ВРЕМЕ НА КУРСОТ

  • Патики или друга опрема прикладна за трчање
  • Панталони или фармерки
  • Каиш
  • Две слики

ВО ЦЕНАТА НА СИТЕ КУРСЕВИ Е ВКЛУЧЕНО

  • Сите материјали, книги, возила, маици, кошули и друга додатна опрема за успешно изведување на курсот.
  • Диплома или сертификат.
Аплицирај Онлајн

Интернационална Академија за Обезбедување го задржува правото за промена на датумот на курсот и го задржува правото да го зголеми или намали бројот на учесници на курсевите. Интернационална Академија за Обезбедување има дискреционо право да го поништи Сертификатот или Дипломата на студентот ако тој извршил криминално дело или бил дел од некоја криминална активност.