
Тренинг курсот е комбинација на академски и практичен дел.
Курсот се состои од Три Модули.
Студентите на курсот треба да бидат подготвени за предизвикот да имплементираат нови идеи и пристапи во заштитата и обезбедувањето.
МОДУЛ I
1. Моментот на сегашноста
Која е најважната информација која треба да ја има офицерите за лична заштита (телохранителот) за да го спречи следниот напад?
Моментот кога стабилната состојба на заштитните операции е нарушена е моментот кога некој од блиската околина на заштитуваното лице извлекува сокриено оружје, слушање на истрел, пробивање низ група од луѓе на некој поединец, качување на бината или подигнување на раката со ножот.
Ова е моментот кога всушност започнува трката помеѓу офицерите за лична заштита (телохранителот) и напаѓачот. Природата на нападот е стимулот кој им укажува на офицерите за лична заштита (телохранителот) дека нешто се случува и дека се извршува напад врз заштитуваното лице.
Најголем дел од нападите врз заштитуваното лице од моментот кога започнале завршиле за помалку од пет секунди. Во овој временски период е направена целата штета што било можно да се направи врз заштитуваното лице.
Студентите ќе ја разберат предност на офицерите за лична заштита (телохранителот) во оваа временска рамка и слабоста на напаѓачите.
Курсот ќе ги анализира претходните напади врз заштитуваните лица и ќе им даде практични алатки и препораки на студентите како да се подготват за да можат порано да го постигната својот “Моментот на препознавање на нападот”, за да одредат што се случува и да ги стават што е можно побрзо своите раце врз напаѓачот или врз заштитуваното лице.
Студентите ке научат ефективните заштитни стратегии кои ќе го натераат напаѓачот да го одложи, или потполно да се откаже од нападот врз заштитуваното лице.
2. Време и растојание
Студентите ќе научат како да го менаџираат односот помеѓу времето потребно да се реагира и растојанието помеѓу нив и напаѓачот, исто така и менаџирањето на времето и растојанието помеѓу заштитуваното лице и напаѓачот за да создадат услови за ефективна заштита.
Студентите ќе ги научат предностите и ограничувањата на дефанзивните и офанзивните тактики кои се применуваат во заштита и начини за нивно унапредување.
Студентите ќе научат како да ја искористат околината и просторот за да создадат безбедна состојба за заштитуваното лице.
3. Безбедносно-заштитен начин на размислување и ментална присутност
Услови за ефективна заштита постојат само тогаш кога телото и мозокот се подеднакво подготвени и се присутни во “Моментот на Сегашноста”, момент кога се случуваат сите напади врз заштитуваните лица.
Студентите ќе научат кои се нарушувањата кои ги спречуваат да бидат ментално присутни во “Моментот на Сегашноста”.
Студентите ќе научат дека во моментот на нападот тие се Предатори а не жртви, ова е менталниот склоп и начинот на размислување кој во критични ситуации создава услови за победа.
Студентите ќе ја научат предноста на физичката и ментална присутност во “Моментот на Сегашноста”, и сигналите кои ги испраќаат во околината кога се во таа состојба.
4. Просторот/Околината
Како да се подобрат заштитните карактеристики на простор и околина во која се одвиваат заштитните операции за да се намалат можностите за напад?
Студентите ќе го разберат влијанието кое тие како офицери за лична заштита (телохранители) го имаат врз правилата за напади врз заштитувани лица.
Студентите ке ја разберат потребата од критичка проценка на:
- просторот помеѓу заштитуваното лице и околината,
- потребата од контрола на пристапот во просторот или околината на заштитуваното лице
- потребата од селекција на точки во просторот кој ќе им дадат подобра тактичка и командна предност
- откривање на ситуациите и состојбите кои му овозможуваат на напаѓачот до последниот момент да ги сокрие своите намери
- елиминирање на можностите за бегство после извршениот напад
Студентите ќе бидат способни да им дадат препораки и совети на заштитуваните лица за различни ситуации во кои тие ќе имаат интеракција со околината.
Студентите ќе ја разберат потребата од зголемување и одржување на “Стерилен” простор околу заштитуваното лице.
Студентите ќе научат како да ги проценат и да влијаат врз факторите кои водат кон успешен напад.
5. Набљудување/обсервација/профилирање
Зошто во минатото офицерите за лична заштита не успеале да го заштитат заштитуваното лице?
Зошто бил успешен нападот?
Кој е можниот напаѓач?
Студентите ќе го разберат начинот на идентификација на сомнителната личност и двојната добивка од таа идентификацијата за ефективна заштита.
Студентите ќе разберат дека идентификацијата на сомнителната личност во околината е само првиот чекор во ефективната заштита кој чекор мора да бидат следен со дополнителни активности.
Студентите ќе научат да ги приметат и регистрираат однесувањата во околината кои се можни индикаторите за инциденти и напади.
Цели на тренингот
Да се развие и надгради самодовербата, инцијативата, мотивацијата, ефективноста во превенцијата и спречувањето на насилниот криминал и тероризмот.
Да се инсталира проактивно безбедносно размислување и ментален склоп во секој поединецот со лесно прифатливи вештини за подобрување на обсервацијата, профилирањето и следењето на околината за да се зголемат можностите офицерите за заштита (телохранителите) про-активно да ги идентификуваат заканите базирани на човеково однесување и други заклучоци од околината.
Да се подобри начинот на кој офицерите за лична заштита (телохранителите) дејствуваат и ги изведуваат работните задачи со што ќе се зголеми и степенот на заштита на заштитеното лице.
Подобрување на внатрешната сила и надградба на безбедносниот начинот на размислување со кој активно ќе се дејствува прво врз самиот себе да се остане фокусиран а потоа и врз околината
Подобрување на само-контролата ќе направи разлика помеѓу смртта и животот, ова само-контрола нема да дојде како страничен ефект од друг тренинг туку само преку тренинг специјално креиран да ја развие и да ја зголеми внатрешната сила.
Подобрување на внатрешната сила ќе им овозможи оптимален одговор во високо стресни ситуации.
Менталната подготовка ќе помогне во максимален квалитет на индивидуалните вештини и во тимскиот одговор во сите ситуации не само во високо стресни ситуации.
Менталната подготовка ќе ја зголеми самодовербата во носењето на критични одлуки.
Аплицирај Онлајн