Концепт на едукација

Додавање на практично искуство во академската сфера

Тајно оружје од секогаш било и ќе биде ЧОВЕЧКИОТ ФАКТОР или попрецизно кажано, едукацијата, тренингот и менталната подготовка. Нашата експертиза е комбинација на два концепти развивање и зајакнување на ВНАТЕРЕШНАТА СИЛА на секој припадник на безбедносните сили, технологијата и другата опрема се секогаш само додатен елемент.

Ваквиот пристап создава Про-Активен безбедносно-заштитен систем.

Вовед

Криминалците и терористите отсекогаш се обидувале да го искористат во своја корист напредокот на државите и поедниците. Државите и поединците кои се обидуваат да создадат економски прогрес и развој прво треба да создадат услови кои ќе обезбедат безбедност и заштита од криминал и тероризам бидејќи во спротивно е тешко да се очекува посакуваниот економски и политички ефект.

Создавањето на безбедносна сосотојба наметнува потреба од високо професионализиран кадар кој ќе обезбеди различни сервиси и услуги од областа на заштитата и безбедноста на лидерите, материјални добра и настаните.

Во услови на променета безбедносна околина многу земји и организации пристапуваат кон единствените решенија за ефективно справување со заканите, а тоа е инвестирањето во човечкиот потенцијал и нивното знаење.

Овој клучен човечки потенцијал има потреба од стручна и професионална надградба која ќе му овозможи да ги намали и елиминира потенцијалните безбедносни закани.

Офицер за лична заштита (телохранител)

Денес офицерот за лична заштита (телохранител) има задача да заштити, да превенира и да одврати евентуални напаѓачи. За да одговори на овие задачи тој треба да има вештини, квалификации и ментално да е подготвен за да може кога ќе се најде во опасна ситуација да има доволно самодоверба за да ја оствари целта на својата задача.

Работата на офицерот за лична заштита (телохранител) е најчесто реактивна и одбрамбена, најчесто напаѓачот ја има предноста на изненадување кое се состои од четири варијабили времето, местото, силата и начинот на нападот. Точно поради овие карактеристики на нападот покрај физичките, тактичките и техничките барања за заштита и безбедност потребно е офицерот за лична заштита (телохранител) да биде едуциран во правец на одржување на својата ментална подготвеност, присутност и свесност за ситуацијата и околината во која се наоѓа. Збирот на овие фактори ке создадат услови офицерот за лична заштита (телохранител) да биде поефективен и поефикасно да ја контролира ситуацијата и заштитуваното лице а и самиот себе бидејќи најчесто одговорот кон напаѓачот подразбира и доминантна употреба на сила за неутрализирање на заканата која може и да има непосакувани последици.

Јас верувам дека личната заштита преставува најважната гранка во областа на обезбедувањето и заштитата, која бара постоење на највисоко ниво на вештини, експертиза, практично искуство, квалитетни и сериозни луѓе бидејќи заканата за човечкиот живот е сериозна и непосредна. Личната заштита преставува уметност во пронаоѓањето на вистинскиот баланс помеѓу различите методи и внатрешната сила на поединецот кои треба да обезбедат ефективна заштита кон намалување и елиминирање на заканата и ризикот.

Офицерот за лична заштита (телохранител) дејствува како штит помеѓу заканата и заштитуваното лице, да се биде човечки штит потребно е повеќе од само физичка подготвеност и тактичко знаење за имплементација на заштитните мерки.

Денешниот непријател е невидлив, секој може да биде напаѓачот, како да одредиме кој е заканата? Многу од курсевите и обуките за офицерот за лична заштита (телохранител) се фокусирани на тоа што да се направи од кога ќе се случи нападот.

Но тука се поставуваат прашањата, што може да се направи за да се открие нападот, како да им се откријат намерите на тие кои сакале да извршат нападнат, како да ги разликуваш напаѓачите од обичните луѓе?

Дали е можно ова да се направи?

Офицерот за лична заштита (телохранител) не треба да чека прво да се случи нападот, па потоа да ја проценуваат ситуацијата и дури на крај да реагира. Мора да се подигне менталната подготовка и да се надгради нивниот начин на критичко безбедносно размислување за да можат да научат да препознаваат што гледаат, да кажат за значењето на акцијата на другите луѓе, да создадат безбедна околина и да препознаат индикатори на непријателското однесувањето во околината.

Првиот одговор на службите за обезбедувањето и заштитата после извршените напади е употреба на возила и заштитни опрема со подобра балиситички и технички карактеристики но ваквиот пристап води само кон тоа да напаѓачите ги зголемат своите бомби, сето ова е само справување со симптомите но не и со причината за нивно појавување.

Технологијата ни дава дефанзивни капацитети на заштита, но ние имаме потреба и од про-активни мерки со кои ќе го одземеме или намалиме факторот на изненадувањето на напаѓачите. Затоа е потребно не само подобра технологија туку и тренинг кој ќе ја зголеми самодовербата, проактивноста во потрагата по индикатори на закана, ќе го надгради начинот на безбедносното размислување и ќе ја зголеми безбедносната свесност, односно ќе создаде Предатор заштитник а не жртва.

Секој напад во својата припрема остава траги кои трениран офицерот за лична заштита (телохранител) може да ги види и да му послужат како рано предупредување. Откривањето на пред-инцидент индикаторите подразбира тренинг во кој ќе се научат вештините и техниките со кој ќе се преземе инцијативата и нема да се чека напаѓачот прв да нападне. Сето ова бара интензивна концентрација и фокусираност за да се идентификуваат пред-инцидент индикаторите и да се добие предупредување за намерите на непријателот.

Офицерот за лична заштита (телохранител) најчесто дејствуваат во сложени околности во кои мораат да донесат тешки одлуки под притисок на немање доволно информација и време. Офицерот за заштита (телохранител) не само што треба да го идентификува непријателот туку мора и да дејствува согласно на законот за употреба на сила и оружје.

Дали доволно го развиваме победничкиот менталитет кај офицерите за лична заштита (телохранители) и дали го правиме тоа континуирано?

Често слушаме “челични нерви”, “способност да се дејствува под притисок”, “ментална сила”, ова се само некои од атрибутите кои им се додаваат на луѓето кои се однесувале херојски кога биле во стресни ситуации и кога дејствувале под притисок.

Што ако можеме со овие атрибути да ги опремиме сите наши офицери за лична заштита (телохранители)?

Што ако можеме да ја подобриме отпорност на стрес на нашите офицери за лична заштита (телохранители)?

Што ако со тоа ги направиме уште поефективни и поефикасни офицери за лична заштита (телохранители)?

Зар не мислите дека ваков тренинг е корисен?

Врвните спортисти имаат тренинг како да се справат со притисокот, како да го контролираат и да се фокусираат на тоа што е потребно да го направат за да победат.

Сега е време да почнеме со ист таков тренинг и за офицерите за лична заштита (телохранители)!

Кога ги подготвуваме нашите офицери за лична заштита (телохранители) треба исто внимание да посветиме на нивната ментална подготовка како што посетуваме внимание на физичката подготовка. Менталната подготовка на нашите офицери за лична заштита (телохранители ) не е страничен ефект на физичкиот тренинг туку е резултат на специјално креиран тренинг кој ќе ја развие и зголеми нивната внатрешна сила.

Главна карактеристика на секој лидер е неговата способност да се справуваат со кризни состојби бидејќи го има потребниот збир на вештини со кои ќе остане смирен и функционален во ситуација кога другите се збунети или обземени од тешкотијата на ситуацијата. Луѓето од безбедноста сфера не само што треба да бидат лидери и да имаат имаат лидерски вештини туку и способности да ги имплементираат тие вештини во услови на кризи.

Без сомневање една од областите која е заборавена во тренингот на офицерите за лична заштита (телохранители) е развивањето на победнички менталитет и развивањето на внатрешната сила.

Офицерот за лична заштита (телохранител) е единственото суштество кој свесно се движи кон најголемата човечка фобија кон местото на инцидентот од каде се слушаат истрели каде што некој друг човек се обидува да убие или да повреди некого. Секое друго суштество на земјата кога ќе слушне истрели бега од местото на настанот, можеби некои новинари или прва помош ќе се упати кон настанот но никој од нив нема намера да се справи директно со заканата, само еден поединец е тој кој донел свесна одлука да се справи со истрелите од пиштолот, тоа е офицерот за лична заштита (телохранител).

Дали нешто не е во ред со овие луѓе?
Не, нема ништо што не е во ред со овие луѓе, туку тие луѓе имаат своја посебна гордост и мотивираност, без нивното движење кон звукот на истрелите и без нивната подготвеност да се спротивстават на злото нема да може да преживее нашата цивилизација.

Зар овие луѓе не го заслужуваат најдобриот тренинг кој може да им се даде?